Покетино неуспешно се обидува да ја копира играта на Лидс јунајтед

Покетино неуспешно се обидува да ја копира играта на Лидс јунајтед

пред 3 години

Француските медиуми жестоко ја критикуваат играта на ПСЖ по поразот од Лил. „Догите“, победија во Париз со 1:0 и се вратија на првото место во Лига 1, сега имаат три поени повеќе од ПСЖ.

Медиумите најмногу ги критикуваат тренерот Маурисо Покетино и најскапиот играч во тимот, Нејмар. Бразилецот, во 90.минута беше исклучен, а потоа предизвика скандал, кога тргна физички да се пресмета со Тијаго Дјало.

„Лекип“, на насловната страница објави фотографија од натпреварот со наслов „Голема експлозија“.

„Покетино се обидува да ја копира играта на Лидс јунајтед. Формациски Покетино се обидува да игра како Бијелса, но на овој тим му недостига подвижност, брзина и интензитет“, констатира „Лекип“.

Нејмар е приказна за себе, Бразилецот доби критики и од поранешниот француски репрезентативец, Бискент Лизаразу.

„Секогаш кога не му оди, прави глупости. Два месеци го немаше, се врати и веднаш направи глупост и тоа во момент кога се подготвува за натпревар во Лигата на шампионите. Тој е фантастичен фудбалер, но неговото однесување е неодговорно кон тимот“, изјавил Лизаразу за „Телефут“

Фудбалерите на ПСЖ, во среда, гостуваат во Минхен, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top