Актуелните шампиони на Шпанија, Атлетико Мадрид, го доживеаја првиот пораз во сезоната. „Јорганџиите“, загубија на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата, Алавес. Екипата која доѓивеа порази во првите пет рунди, стигна до првиот троиумф во сезоната.
Атлетико продолжи со лошите изданија на теренот од почетокот на сезоната и покрај тоа што резултатите не го покажуваат тоа. Во минатото коло, со пресврт, изборија победа кај Хетафе, но против Алвес немаа никакви шанси.
И покрај поседот од 70 отсто, играчите на Диего Симеоне, упатија само два удари кон голот на Пачеко.
Натпреварот го реши капитенот на Алавес, Лагвардија во четвртата минута. По корнерот на Дуарет, Лагвардија ја искористи лошата поставеност на Савиќ и Фелипе и од пет метри го матираше Облак.
Денешниот триумф е прв за Алавес притив Атлетико по пауза од 18 години.