Поранешниот менаџер на Гризман: Меси е канцерот на Барселона

Поранешниот менаџер на Гризман: Меси е канцерот на Барселона

пред 4 години

Повеќе од една година, една од главните теми на каталонските медиуми е односот помеѓу Лионел Меси и Антоан Гризман. Францускиот репрезенаттивец за 120.000.000 евра, минатото лето од Атлетико Мадрид прситигна во Барселона.

Медумите кои во чекор ја следат Барселона и во периодот кога клубот го договараше трансферот, пишуваа дека Меси не се согласува со одлуката на клубот да го купи Гризман.

Минатата сезона, забележливо беше дека тие двајца не функционираат еден крај друг. Работите малку се поправија изминатите месеци, но сигурно е дека нивното партнерство никогаш нема да го достигне нивото кое го посакуваат сите во клубот.

Гризман ќе се мачи во Барселона се додека тој или Меси не го напуштат клубот. Ова мислење го дели и човекот кој го открил Гризман, Ерик Олхатс. Тој подцна му бил советник и менаџер на францускиот напаѓач.

„Антоан дојде во клубот и веднаш се соочи со проблеми, бидејќи Меси за се има свој став. Тој во исто време е цар и монарх, не го одбруваше доаѓањето на Антоан. Беше дрзок и тоа се почувствува. Секогаш слушав дека Антоан нема проблем со Меси, но никогаш не слушнав дека Меси нема проблем со Антоан“, рекол Олхатс за „Франс Фудбал“ и дополнил.

„Лино сметам дека Меси изрази желба да замине само за да може да види колкава моќ има во клубот. Класика! Колку и да е Меси добар на теренот, толку е лош надвор од него. Барселона веќе извесен период пати од него. Тој е канцерот во клубот“.

Share
Scroll to Top