Потврда од Партизан: Им го продадовме Стевановиќ на Манчестер сити

Потврда од Партизан: Им го продадовме Стевановиќ на Манчестер сити

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Партизан го потврди трансферот на Филип Стевановиќ во Манчестер сити. Вундеркиндот ги минал лекарските прегледи во Белград, со Сити потпишал пет годишен договор, но до крајот на сезоната ќе остане да игра како позајмен играч во црно-белиот дрес.

„ФК партизан има задоволство да објави дека е постигнат договор околу трансферот на Филип Стевановиќ во Манчестер сити во зимскиот преоден рок 2021 година. Трансферот на Стевановиќ во еден од најголемите европски клубови претставува значајна потврда за добрата и напорна работа на сите клупски структури“, се наведува во клупското соопштение.

Иако нема официјална потврда, се шпекулира дека трансферот изнесува 8.000.000 евра. Партизан нема да добие процент од евентуалната наредна продажба, туку ќе може дополнително да заработи преку бонусите.

Ова е трет голем трансфер што го реализираше Партизан во изминатиот период. Претходно за 10.000.000 евра Страхиња Павловиќ замина во Монако, а Умару Садик за 5.000.000 евра се пресели во Алмерија.

Share
Scroll to Top