Почетино терал дисциплина на првиот тренинг, медиумите му предвидуваат брз отказ

Почетино терал дисциплина на првиот тренинг, медиумите му предвидуваат брз отказ

пред 3 години

Маурисио Почетино веднаш се обидел да го наметне својот тренерски стил и да воведе дисциплина на првиот тренинг на Пари Сен-Жермен во неделата, тврдат француските медиуми, кои додаваат дека ваквиот однос ќе предизвика бура реакции кај ѕвездите на тимот и на крајот ќе донесе до предвремен отказ.

Според „Ле паризиен“, Аргентинецот им врескал на играчите: „Доста се смеете, сега е тренинг“, а додава дека со него бил и неговиот син Себастијано, кој на фудбалерите им кажувал да „побрзаат со темпото“.

На тренингот присуствувале и главниот газда Насер Ал-Хелаифи, како и спортскиот директор Леонардо, кои лично сакале да го забележат стилот на Почетино. Сепак, оваа ситуација предизвика многу коментатори и фанови да сметаат дека Аргентинецот нема долго да трае бидејќи веднаш ќе дојде во конфликт со Нејмар и со другите ѕвезди во најголемиот француски клуб.

На теренот, на Почетино ќе му требаат победи во француската Лига 1, каде што се на третото место на табелата со поен заостанување зад лидерот Лион.

Share
Scroll to Top