Почина легендата на Реал, Пако Хенто

Почина легендата на Реал, Пако Хенто

пред 2 години

Пако Франсиско Хенто, легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, почина на 88-годишна возраст.

Легендарното лево крило, за Реал Мадрид во периодот од 1953 до 1971 година, одиграл 428 натпревари, на кои постигнал 128 гола. Хенто е единствениот фудбалер кој шест пати бил европски шампион.

Сите шест трофеи во Купот на европските шампиони ги освоил со Реал Мадрид. Со „кралскиот клуб“, 12 пати бил шампион на Шпанија, два пати победил во Купот на Кралот.

Тој беше почесен претседател на Реал. Оваа функција ја наследи по смртта на големиот пријател и соиграч, Алфредо Ди Стефано.

Тие двајца го предводеа Реал до пет трофеи по ред во Купот на шампионите.



Share
Scroll to Top