По три месеци Азар се враќа на терен

По три месеци Азар се враќа на терен

пред 3 години

Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар би можел уште вечерва во 21 часот да се најде во составот на Реал Мадрид на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во рамки на 2. коло во Лигата на шампиони.

Азар не настапил за својот тим уште од 7 август кога Реал испадна од Манчестер Сити во ЛШ.

Екс-играчот на Челси постојано има проблеми со повредите уште од доаѓањето во Мадрид. До сега има пропуштено 26 меча, а во 7 години поминати за лондонскиот клуп, не настапил само на 20 меча.

„Марка“ објави дека Азар одработи цел тренинг со екипата по „Ел Класико“, па најверојатно ќе биде подготвен за вечерашново искушение на „Кралевите“ во Германија.

Досега за Реал Мадрид одигра 22 меча и постигна само 1 гол. Во клубот е од летото 2019-та, дојде на „Бернабеу“ за 100 милиони евра.

Share
Scroll to Top