„Прават циркус од репрезентацијата“

„Прават циркус од репрезентацијата“

пред 4 години

Селекторот на Англија реагираше на низата скандали кои во последните две месеци го погодија националниот тим. Последниот скандал го предизвикаа Тами Ејбрахам, Бен Чилвел и Џејдон Санчо кои не ги почитуваа мерките за заштита од коронавирусот на роденденската забава на Ејбрахам.

Претходно Џејсон Гринвуд и Фил Фоден на ИСланд, каде што гостуваа со Англија, во хотелот каде што биле сместени се „дружеле“ со две девојки. Серијата скандали ја започна Хари Мегваер кој поради тепачка беше уапсен на Миконос.

„На сите мора да им биде јасно дека ваквите скандали влијаат врз тимот. Ни одземаат драгоцено време, ни ја одземаат енергијата. Притисокот врз овој тим е доволно голем, нема потреба тој да се засилува со тоа што ќе имаме луѓе кои од репрезентацијата ќе прават циркус“, рекол Саутгејт.

Санчо, Чилвел и Ејбрахам нема да бидат дел од репрезентацијата за натпреварите пртив Белгија и Данска во Лигата на нации.

„Ги прекршија правилата, иако на сите им е јасно дека треба да бидат внимателни, тие треба да служат за пример кога се во репрезентацијата. Сега имаме правила за превенција од коронавирусот, мораме да бидеме сигурни дека сите се безбедни“, заклучил англискиот селектор.

Share
Scroll to Top