Легендата на хрватскиот и на југословенскиот фудбал, Роберт Просинечки вели дека најавениот потенцијален дуел помеѓу Црвена звезда и Динамо Загреб во плејофот за квалификациите за влез во Лигата на шампионите не е сигурен и не сакаше да зборува многу за политичката димензија на овој дуел.
Просинечки е дел од историјата на двата клуба, откако ја почна кариерата во Динамо и играше таму во 1990-тите кога тимот се викаше Кроација, а исто така беше дел од славната генерација на Звезда која ја освои Лигата на шампионите.
Звезда прво мора да го помине Шериф од Тираспол, Молдавија, додека Динамо ќе има потешка задача со полскиот Легија Варшава.
„Не сме подготвени за такви натпревари, за жал на сите тоа им е јасно. Што, сега јас треба да кажувам кој е подобар и кој ќе помине. Засега можам да кажам дека Легија и Шериф се сериозни пречки, кои прво ќе се прескокнат. Искрено, јас најмногу би сакал да се трнгам од тоа. Да, тоа е мојот живот, важен дел од него, но не и најважниот. Затоа немам намера многу да зборувам за тој меч“, изјави Просинечки за „Спортклуб“.