ПСЖ се „урнаа“ во Ленс, сега имаат само 4 поени разлика!

ПСЖ се „урнаа“ во Ленс, сега имаат само 4 поени разлика!

пред 1 година

Ленс стигнаа до импресивна 3:1 победа над Пари Сен-Жермен, за да се доближат на само 4 поени разлика до лидерите во француската Лига 1 и да покажат дека не се подготвени така лесно да се откажат од борбата за титулата.

Дека работите не одат на добро за тимот на Кристоф Галтие се виде уште во петтата минута, кога Пжемислав Франковски ги донесе Ленс во водство, но ПСЖ вратија бргу со голот на Иго Екитике само пет минути подоцна.

Ленс повторно ја врати предноста во 28. минута од мечот преку Лоис Опенда, а потоа само што почна второто полувреме постигнаа уште еден гол преку Алексис Клод-Морис за да спречат било каков обид за камбек на парижаните.

ЛИГА 1, 17.КОЛО
Ленс – Пари Сен-Жермен 3:1
Анжер – Лориен 1:2
Монако – Брест 1:0
Нант – Оксер 1:0
Тулуз – Ајачо 2:0
Лион – Клермон 0:1


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top