Разделба на повидок – Диего Коста си оди од Атлетико?!

Разделба на повидок – Диего Коста си оди од Атлетико?!

пред 4 години

Откако се почесто добива шанса за настап само од клупата, напаѓачот на мадридски Атлетико, Диего Коста можно е наскоро да го напушти моментниот лидер во шпанска Ла Лига.

Се погласни се гласините дека Коста ќе си оди од главниот шпански град. Причина за тоа се и повредите, но и само 7 настапи со 2 постигнати гола сезонава.

Според информациите на угледниот италијански новинар, Фабрицио Ромaно, „Јорганџиите“ нема да му понудат нов договор на 32-годишниот фудбалер. Неговиот актуелен договор истекува на крајот на оваа сезона.

Наводно засега има само две опции – разделба во јануари, на полусезона или заминување во јуни, како слободен играч.

Останува отворено прашањето околу неговото продолжување на кариерата.

Share
Scroll to Top