РАИ со експлозивни обвинувања за Мино Рајола и Игли Таре

РАИ со експлозивни обвинувања за Мино Рајола и Игли Таре

пред 3 години

Супер-агентот Мино Рајола и директорот на Лацио, Игли Таре објавија дека ќе ја тужат италијанската државна телевизија „РАИ“ по нивното вечерно издание на истражувачката сторија „Репорт“, со тема фудбалски агенти и процентите кои тие ги заддржуваат.

Деталите од програмата вклучуваат посета на канцелариите на Рајола во Малта, кои се празни, посочувајќи дека се отворени само за даночни олеснувања, додека Таре е обвинет дека има акции во албанската обложувалница „Топ Баст“, нешто што не е дозволено со правилата на УЕФА.

Таре објави дека бара емисијата да не се емитува и дека ќе бара отштета од телевизијата, додека Рајола влезе во остар напад на националната телевизија, која претходно ги откри скандалите со навивачите на Јувентус кои „изнудувале“ пари од клубот и со контроверзното сопствеништво на Милан на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли.

„Срамно е националната телевизија, со јавни пари, да создава лажни вести. РАИ треба да биде гаранција за сериозно новинарство, а наместо тоа пратија новинари во Малта кои не се способни да ги најдат моите канцеларии таму. Адвокатите веќе се известени“, објави Рајола.

Share
Scroll to Top