Ракометарите против Финска ги започнуваат квалификациите за ЕП 2022

Ракометарите против Финска ги започнуваат квалификациите за ЕП 2022

пред 4 години

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2022 година.

Прв противник во новиот квалификациски циклус за избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе биде селекцијата на Финска. Дуелот се игра од 20.00 часот во арената „Борис Трајковски“.

За овој натпревар селекторот Брестовац ќе биде без тројца ракометари и тројца членови на својот стручен штаб. Заразени со коронавирусот се асистентите на селекторот Раде Стојановиќ и Никола Матлиески, како и тренерот на голманите Александар Царчев.

Натпреварот ќе го пропуштат Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Во вториот натпревар од групата 7 ќе се сретнат Данска и Швајцарија.

По дуелот со Финска, Македонија на 7.ноември ќе гостува во Швајцарија.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Share
Scroll to Top