Рамос: Да сакав да освојувам индивидуални трофеи ќе играв тенис

пред 4 години

Серхио Рамос е еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот. Капитенот на Реал со клубот и шпанската репрезентација ги освоил сите можни трофеи, но никогаш не бил во потесниот круг кога се делеле индивидуалните награди. „Не е ме интересира Златната топка, воопшто не размислувам на таа тема. Да сакав да освојувам индивидуални трофеи и награди ќе играв тенис“, изјавил Рамос. 35-годишниот фудбалер вечерва со Шпанија ќе игра против Германија. На Шпанија и треба победа за да го обезбеди пласманот на завршниот турнир во Лигата на нации.

Share
Scroll to Top