Плејмејкерот на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук ја воодушеви американската јавност со потегот што го направи во „меурот“ во Орландо, Флорида.
Иако Вестбрук немаше голема причина за славење со оглед што Рокетси беа елиминирани во полуфиналето на Западот, плејмејкерот покажа голема благодарност за вработените во хотелот во кој беа сместени последните 2 месеци.
Вестбрук на еден од нив му оставил бакшиш од 8.000 долари.
„Се грижеа за нас, го издвоија своето време и енергија за да ја завршат работата на највисоко ниво. Тоа беше правилно. Сакам да правам вистински работи, правилни“ – вели Вестбрук.
Иако кошаркарот не ја открива висината на бакшишот, локалните медиуми ја открија сумата. Згора на тоа, Вестбрук својата соба ја оставил во беспрекорна состојба.
Тој е познат по фанатичната уредност.