Расистички навреди за Јанкевиц по црвениот картон на „Олд Трафорд“

Расистички навреди за Јанкевиц по црвениот картон на „Олд Трафорд“

пред 3 години

Александре Јанкевиц, 19-годишниот играч на Саутемптон нема по добро да го памети дебито во Премиерлигата. Тој синоќа брутално стартуваше врз играчот на Јунајтед, Мектоминај уште во 2-та минута на мечот на „Олд Трафорд“ и заслужено доби директен црвен картон.

Поради тоа, младиот играч добил расистички навреди на социјалните мрежи, па морала дури да се вмеша и полицијата.

„Разговарав со детектив од полицијата од Хемпшир, го истражуваат вознемирувањето на Александер Јанкевиц на расна основа. Им ги испратив сите пораки што ги собрав. Овие луѓе треба да бидат казнети“ изјави англискиот новинар, Алекс Крок.


Потоа и на страницата на навивачите на Саутемптон беа споделени дел од таквите пораки.


Младиот црномурест фудбалер не е единствениот во последниот период кој е мета на расистички испади.

Претходно мета на расистите беа и тројца играчи на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Аксел Туанзебе.

Инаку, по непромислениот старт на Јанкевиц, Саутемптон синоќа го напушти стадионот на „ѓаволите“ со 9 гола во мрежата:

Манчестер јунајтед им спакуваа девет гола на Саутемптон

Share
Scroll to Top