Реал Мадрид се „пеницилин“ за Ливерпул, на Клоп му беше виновен судијата и стадионот

Реал Мадрид се „пеницилин“ за Ливерпул, на Клоп му беше виновен судијата и стадионот

пред 4 години

Ливерпул загубија со 3:1 од Реал Мадрид во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, уште еднаш докажувајќи дека „кралскиот“ клуб е противник кој не им одговара.

Потсетувањето на поразот во финалето на ЛШ во 2018 година (со идентичен резултат), не им даде дополнителна мотивација на фудбалерите на Јирген Клоп, кои посебно во првото полувреме изгледаа неподготвени да тргнат во напад.

Заедно со тие два порази, Ливерпул сега има четири порази во низа од Реал Мадрид, што е израмнување на најлошата серија против еден клуб. Претходно, исто така имаа четири порази во низа од Бенфика од 1984 до 2010 година, а исто така ниту еден друг клуб ги нема победено повеќе од четири пати во Европа.

Јирген Клоп, пак, по крајот на мечот влезе во очигледно лут разговор со судијата Феликс Брих, најверојатно сметајќи на ситуацијата во која Реал дојдоа до 2:0 предност, сметајќи дека претходно бил фаулиран Садио Мане. Подоцна, пак, тој проблемот го најде во стадионот, бидејќи мечот се играше на „Алфредо ди Стефано“ поради реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“. Пред мечот тој го спореди теренот со „тренинг-центарот на Манчестер јунајтед“, а и по мечот критикуваше.

„Дали заслуживме повеќе од 3:1? Не сум сигурен, бидејќи им направивме многу лесна работа на Реал Мадрид. Денеска беше чудно на овој стадион, но барем ова е само првиот меч и вториот ќе се игра на ‘Енфилд’, адекватен стадион за вакви мечеви. Со Садио, не сум сигурен што виде судијата вечерва. Изгледаше како да е лично против него. Тоа му го кажав по крајот на мечот, навистина не беше фер“, изјави Клоп.

 

Винисиус ги казни Ливерпул, Сити во 90-тата минута извади победа над Дортмунд

Share
Scroll to Top