Реал Мадрид се заинтересирани да го донесат младиот фудбалер на Манчестер сити, Фил Фоден на „Сантијаго Бернабеу“, тврди британскиот весник „Дејли мирор“, посочувајќи дека „кралевите“ подолго време го следат развојот на 20-годишниот Англичанец.
Фоден оваа сезона не е редовен кај Пеп Гвардиола, стартувајќи само во пет меча во Премиер лигата и Зинедин Зидан смета дека талентот на Англичанецот може да дојде до вистински израз во Мадрид.
Се очекуваше Фоден да биде стартер по одличните настапи минатата сезона и заминувањето на легендарниот Давид Силва, но тој не доби шанса во најважните мечеви на „граѓаните“ оваа сезона – против Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, иако играше во пет меча од Лигата на шампионите.
Гвардиола постојано го фали Фоден, нарекувајќи го „најталентираниот фудбалер“ со кого работел.