Рекорд – Карловиќ со победа ја отвори 23-тата сезона во кариерата

Рекорд – Карловиќ со победа ја отвори 23-тата сезона во кариерата

пред 3 години

41-годишниот хратски тенисер Иво Карловиќ (моментно 148. на АТП листата) со победа на првиот настап во 2021 година.

Го совлада Шпанецот Пабло Андухар (34) со 6-3 5-7 и 6-4 во 1. коло на АТП турнирот во американски Делреј Бич по 2 часа и 16 минути игра.

Карловиќ до победата стигна со 27 асови.

Хрватскиот тениски ветеран на истиот овој турнир триумфираше во 2015 година со победата во финалето против Доналд Јанг, а 5 години порано беше поразен во завршниот меч од Латвиецот Ернест Гулбис.

За Карловиќ ова е 23-тата сезона во кариерата, а на нејзиното отворање стана најстариот играч со победа на турнир по Џими Конорс од 1995 година.

Share
Scroll to Top