Репрезентацијата ќе му помогне да се врати во форма

Репрезентацијата ќе му помогне да се врати во форма

пред 4 години

Пол Погба, фуддбалерот на Манчестер јунајтед, рекол дека играњето за Франција му помага да се врати во посакуваната форма. Токму поради лошата форма, Погба, од почетокот на сезоната се наоѓа под стални критики од медиумите.

„Никогаш не сум доживеал нешто слично во кариерата. Навикнат сум редовно да играм, а тоа одеднаш се смени“, рекол Погба и дополнил.

„Чувствувам дека полека се враќам во форма. Играњето за Франција е како дишeње чист воздух. Имаме навистина одличен тим, сите сме среќни кога сме заедно. Уживаме на теренот. Тоа не значи дека не сме среќни во клубовите, туку дека ова е едно повисоко ниво. Во репрезентацијата сме едно големо семејство“.

Франција, во саботата, победи во Португалија и се избори за настап на завршниот турнир во Лигата на нации. Утре, Французите ќе играат против Шведска.

Share
Scroll to Top