Ривалите се судрија, Де Фрис ја освои Формула Е титулата за Мерцедес

Ривалите се судрија, Де Фрис ја освои Формула Е титулата за Мерцедес

пред 3 години

Возачот на Мерцедес-ЕQ, Холаѓанецот Ник де Фрис е новиот шампион во Формула Е шампионатот, на болиди на електричен погон, и покрај тоа што шпекулациите велат дека германскиот производител ќе се повлече од спортот.

На трката во Берлин, Мич Еванс во Јагуари имаше технички проблеми уште на стартот, по што Едоардо Мортара (Рокит Вентури) се судри со него предизвикувајќи прекин на трката. На рестартот, британскиот дебитант Џејк Денис исто така излета, по што на Де Фрис му беше доволно и осмото место за да ја освои титулата, а неговиот тим беше шампион кај конструктори во првата сезона која ја верификува ФИА. Норман Нато стигна до победата во Берлин пред Оливер Роуланд и поранешниот Ф1 возач, Штофел Фандорне.

„Сезоната беше тешка со многу променливи трки и на крајот се одлучуваше во последната трка. Среќата беше на наша страна“, призна 26-годишниот Де Фрис.

Share
Scroll to Top