Рио Фердинанд, кој својата кариера ја одбележа во Манчестер јунајтед, но играше и во Лидс, смета дека продажбата на Даниел Џејмс за 25 милиони фунти на Лидс јунајтед е исправна, бидејќи Велшанецот „никогаш не бил на нивото“ на Јунајтед.
Две и пол години откако за малку ќе завршеше на „Еланд Роуд“, 23-годишниот Џејмс се пресели во Лидс, каде што би требало да добива повеќе шанси под Марсело Биелса откако одигра 74 меча за Јунајтед.
„Тие го бркаа Џејмс со години и го сакаа во својот тим. Мислам дека Ден Џејмс не е на нивото на Манчестер јунајтед, но дефинитивно е на нивото на Премиер лигата и на начинот на игра на Лидс, каде што ќе создава проблеми за противниците. Таму ќе ја добива топката и бргу ќе оди напред, нешто што одговара на неговата игра. Кога треба да пробиеш два реда како во Манчестер јунајтед, не е лесно. Затоа мислам дека ова е добар трансфер за двата тима“, вели Фердинанд.