РК Вардар: Ги исплативме речиси сите долгови, а ЕХФ не исфрли од ЛШ

РК Вардар: Ги исплативме речиси сите долгови, а ЕХФ не исфрли од ЛШ

пред 2 години

Македонскиот ракометен првак Вардар нема да настапува во Лигата на шампионите следната сезона по одлуката на ЕХФ да го исфрли од натпреварувањето. Причина за ова се старите долгови што го има клубот и ги наследи од претходниот сопственик. Сепак, „црвено-црните“ тврдат дека најголем дел од старите долгови се исплатени…

Првиот човек на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, со соопштение се обрати во јавноста. Во него се вели:

Почитувани спортски пријатели, навивачи и поддржувачи на РК Вардар,

По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која повторно ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега.

За жал од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра.

На 21 јуни 2022 год. во утринските часови РК Вардар 1961 АД Скопје вложи приговор до ЕХФ и понуди издавање на неотповиклива банкарска гаранција за обврските над износот на депозитот од 300.000 евра, кој што ќе бидат верификувани. Но, ЕХФ на 22 јуни не го прифати тоа, и ја потврди одлуката за исклучување.

Во изминатите 2 години РК Вардар 1961 АД Скопје, вложи максимални напори да го одржи ракометниот клуб на високо ниво, а во исто време да се вратат долгови кон играчите. Иако беше ветена голема поддршка за жал таа изостана од оние кој што најмногу ветуваа и инсистираа да се преземе управувањето со клубот.

При преземањето на клубот во правна постапка согласно законските прописи со која што РК Вардар 1961 АД Скопје, стана правен следбеник на клубот официјалните податоци укажуваа на заостанати обврски спрема играчи во висина од 2.5 милиони евра. Во време на светска криза и пандемија кога сите се соочуваат со проблеми од најразлична природа, а најмногу финансиска клубот успеа да го сервисира стариот долг што го имаше кон играчите од пред неколку сезони кога двапати беше европски шампион.

Истовремено редовно да се сервисираат и сите обврски во однос на платите и настапите во лигата на шампионите, каде најчесто се патуваше со чартери кои чинат многу поскапо од редовните линии, а со цел да се заштити здравјето на ракометарите во ситуација на Ковид-19 пандемијата.

Вистина е дека РК Вардар 1961 АД Скопје имаше задоцнување во временската рамка кој што ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15.05.2022 год. се реализираше до 31.05.2022 год. Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК Вардар 1961 АД Скопје сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот.

Share
Scroll to Top