Рома тргна по Влаховиќ

Рома тргна по Влаховиќ

пред 4 години

Рома ќе се обиде, во летниот преоден рок, да го донесе напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ. „Волчицата“ се очекува да ја напуштат Един Џеко, на кого му истекува договорот и Борха Мајорал, кој е позајмен од Реал Мадрид.

Еден од функционерите во клубот, Тиаго Пинто, инсистира на трансферот на Влаховиќ и тој веќе се сретнал со застапниците на фудбалерот.

Реализацијата на трансферот за Рома нема да биде лесна задача, бидејќи за српскиот репрезентативец интерес покажува и Милан.

Влаховиќ е играч на Фиорентина од 2018 година, за „виолетовите“ има одиграно 69 натпревари, на кои постигнал 17 голови.