Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

пред 7 месеци

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Португалецот Кристијано Роналдо со неговиот неверојатен договор во Саудиска Арабија.

Кристијано Роналдо е неприкосновен со 260 милиони долари годишно, 200 милиони добива од Ал-Наср, а останатите 60 милиони се од спонзорските договори.

Португалецот по четврти пат во кариерата е лидер на листата на најплатени спортисти во светот, овојпат најубедливо благодарение на дарежливите Саудијци.

Втор на листата е голферот Џон Рам (218 милиони), трет Лионел Меси (135 милиони), четврти Леброн Џејмс (128,2 милиони).

На петтото место е предводникот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, кој во последните 12 месеци инкасира 111 милиони долари, од кои 46 милиони се од договорот со Бакс, а останатите од спонзори.

Во првите десет играчи кои најмногу заработиле во последните 12 месеци се и Килијан Мбапе (110 милиони), Нејмар (108 милиони), Карим Бензема (106 милиони).

Интересно, трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ се наоѓа на 32. на оваа листа.

Заработил 56,1 милиони долари, од кои најголем дел се од договорот со Денвер (48,1), додека остатокот е од спонзорства.

Најдобриот и најтрофеен тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ очекувано овојпат не е ни воТтоп 50 бидејќи го ограничи бројот на турнири на кои учествуваше, а и таму каде што играше не се прослави.

Лука Дончиќ е 34-ти на листата со заработка од 55,1 милиони долари.

Пред Јокиќ и Дончиќ се Џоел Ембиид (30 место – 57,7 милиони) и Џими Батлер (31 место – 57,5 милиони).

Комплетната листа на „Форбс“ на најплатените спортисти во изминатите 12 месеци можете да ја погледнете ТУКА.

Share
Scroll to Top