Роналдо му порача на Хабиб: Го направи својот татко горд

пред 3 години

Фудбалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо беше меѓу фановите на Хабиб Нурмагомедов кои му пратија порака на УФЦ шампионот кој објави дека се пензионира по саботната победа против Џастин Гетџи. Хабиб беше емотивен по победата во втората рунда над Американецот за да стигне до 29-0 скор во првиот меч по смртта на неговиот татко Абдулманап во јули по компликациите од корона вирусот и потврди дека се повлекува бидејќи ветил на своето семејство дека ќе се пензионира. Вестите предизвикаа бура реакции на социјалните мрежи од ММА фановите, меѓу кои и ѕвездата на Јувентус, Роналдо. „Честитки брату! Го направи својот татко горд“, напиша Роналдо на својот Инстаграм. Хабиб го среди Гетџи, па се прости од УФЦ – „И ветив на мајка ми“

Share
Scroll to Top