Роналдо: На ТВ не гледам фудбал, гледам бокс или УФЦ

Роналдо: На ТВ не гледам фудбал, гледам бокс или УФЦ

пред 3 години

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, открил дека во слободно време, на телевизија не гледа фудбалски натпревари, туку кога има можност секогаш се определува да погледне бокс-меч или УФЦ борба.

„Фудбалот е моја страст, но на ТВ повеќе сакам да гледам други спортови. Помеѓу фудбал и бокс-меч или борба во УФЦ, секогаш ќе ги изберам боречките спортови“, открил еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Роналдо оваа сезона, во дресот на Јувентус, одиграл 14 натпревари и постигнал 11 голови во сите натпреварувања.

Share
Scroll to Top