Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, истакна дека е среќен што се вратил на „Олд Трафорд“ и во тимот на Манчестер Јунајтед. Тој вчера одигра едно полувреме на пријателскиот меч против Рајо Ваљекано, откако ја пропушти речиси целата претсезона на тимот во потрага по други опции за својата иднина.
Португалецот вчера се врати на теренот, а фановите му приредија топло добредојде. Тој потоа се обрати на социјалните мрежи и напиша дека е „среќен што се вратил“.
Менаџерот Ерик тен Хаг, сепак, вели дека Кристијано Роналдо треба да надомести многу пред да почне да игра за тимот.
„Тој не е на нивото на остатокот од тимот бидејќи пропушти многу недели. Му требаат натпревари и многу тренинзи“, изјави Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед ја отвора сезоната со гостување кај Брајтон на 7. август, а ќе биде интересно да се види дали Роналдо воопшто ќе учествува во таа пресметка.
Happy to be back ???? pic.twitter.com/Fp6dpBTXcb
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 31, 2022