Роџерс Куп: Медведев и Хуркач ќе се борат за полуфинале во Торонто

Роџерс Куп: Медведев и Хуркач ќе се борат за полуфинале во Торонто

пред 3 години

Рускиот тенисер Данил Медведев и Полјакот Хуберт Хуркач го сочинуваат последниот четвртфинален пар на Роџерс Купот во Торонто.

Медведев, кој е прв носител на турнирот, во два сета за 70-тина минути го совлада Џејмс Дакворт (6-4 и 6-2).

За разлика од него, Хуркач се намачи против Грузиецот Басилашвили. Првиот сет го загуби во тај-брејк, а следните два по пресврт ги доби идентично со по 6-4, но на терено помина двојно повеќе од својот следен ривал.


Останатите четвртфинални дуели во Торонто ги сочинуваат Џон Иснер – Гаел Монфис, Каспер Руд – Стефанос Циципас и Роберто Баутиста-Агут – Рејли Опелка.

Share
Scroll to Top