Руни: Ги разбирам фановите на Роналдо, но Меси е неповторлив

Руни: Ги разбирам фановите на Роналдо, но Меси е неповторлив

пред 2 години

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, поранешен соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, по завршувањето на Светското првенство во Катар му се наклони на Лионел Меси.

Аргентина ја освои титулата со победата против Франција по подоброто изведување пенали.

„Многу го почитувам Кристијано Роналдо и кога луѓето велат дека е најдобар, јасно ми е за што зборуваат го почитувам нивното мислење. Но, за мене Меси е едноставно поинаков. Сум играл против Лионел неколку пати, неговата способност да ја контролира топката, да игра, да додава и да постигнува голови го прави посебен. Тешко е да се биде негов ривал“, изјави Руни за „Тајмс“.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, додека Португалија на Роналдо го заврши натпреварувањето со пораз од Мароко во четврт-финалето.

Share
Scroll to Top