Русин и Украинец освоија титула во двојки, па порачаа: Ние сме обични луѓе

Русин и Украинец освоија титула во двојки, па порачаа: Ние сме обични луѓе

пред 3 години

Русинот Андреј Рубљов вчера го освои сингл трофејот на Опен 13 во Марсеј, а потоа заедно со својот близок пријател, Украинецот Денис Молчанов ја освои и титулата во двојка во моменти кога нивните две земји се во центарот на светското внимание поради големите тензии.

Рубљов  потоа на прес-конференција со Молчанов изјавија дека нема симболика во победата.

„Знаете, ние сме обични луѓе. Не се занимаваме со политика, туку со спорт. Спортот е активност која ги зближува луѓето, дури и кога навиваат за противничкиот тим. Едноставно. Мир на сите“, изјави 24-годишниот Рубљов.

Ниту Молчанов, кој е 10 години постар од Русинот, ниту Рубљов не сакаа да даваат дополнителни коментари. Двајцата се блиски пријатели од стартот на кариерата на Рубљов.

Share
Scroll to Top