Актуелниот тренер на Ростов, Валериј Карпин, во наредните 18 месеци ќе биде и селектор на фудбалската репрезентација на Русија.
Карпин (52), го предводи Ростов од 2017 година. Претходно како тренер работел во Спартак од Москва, Мајорка и Торпедо од Армавир.
На кормилото на Русија, тој доаѓа на местото на Станислав Черчесов, кој доби отказ по неуспехот на Европското првенство. Русија, во конкуренција на Белгија, Данска и Финска не успеа да ја мине групата.
Карпин во кариерата 72 пати играл за националниот тим.