Русија и Норвешка „совршени“ во втората рунда

Русија и Норвешка „совршени“ во втората рунда

пред 3 години

Фаворитите за медал, Русија и Норвешка, ги комплетираа своите групи во првата фаза на Европското првенство во ракомет со совршени три победи во три меча, по вечерните триумфи.

Норвежанките имаа мака со Романија само во првото полувреме, пред потоа да стигнат до лесна 28:20 победа, но во втората рунда одат и Романките покрај Германките.

Русинките, пак, во многу поинтересен меч, со 30:26 (15:13) ја победија Шведска, предводени од Дарја Дмитриева, која заврши со шест гола и одличната Ана Седојкина на голот, додека за Шведска, Кристин Торлеисдотир беше најефикасна исто така со шест гола.

ГРУПА Б

Шпанија – Чешка 27:24 (11:16)

Русија – Шведска 30:26 (15:13)

Табела: 1.Русија 6, 2.Шведска 3, 3.Шпанија 3, 4.Чешка 0

ГРУПА Д

Германија – Полска 22:22 (9:8)

Норвешка – Романија 28:20 (13:13)

Табела: 1.Норвешка 6, 2.Германија 3, 3.Романија 2, 4.Полска 0

Share
Scroll to Top