Руска ММА пресметка за неисплатен долг – Јандиев го прати Харитонов во болница

Руска ММА пресметка за неисплатен долг – Јандиев го прати Харитонов во болница

пред 4 години

Дека руската ММА сцена нуди бесконечни неверојатни приказни покажува и последниот пример, кога ветеранот Сергеј Харитонов заврши во болница на операција, откако УФЦ фајтерот Адам Јандиев го начека и го нападна во расправија за долг од 20-тина илјади евра.

Харитонов, кој неодамна го имаше боксерското деби во бизарна победа над Англичанецот Оли Томпсон во Дубаи, овојпат настрада од УФЦ фајтерот во средна категорија, и тоа не во кафезот или рингот, туку пред спортскиот комплекс „Лужники“ во Москва.

Според руските медиуми, нападот се случил откако Харитонов го потсетил Јандиев дека му должи 2 милиони рубљи (околу 20.000 евра), по што овој брзо му упати два удари, по што двајцата паднаа на подот пред полицијата да интервенира и да спречи поголем инцидент.

Ова не е првпат Јандиев да прави вакво нешто – тој наводно му „наместил“ напад на пријателот на Харитонов, и аматерски ММА фајтер Руслан Абдо, кој доби скршен нос.

Харитонов ќе остане во болница барем 10 дена бидејќи морал да оди на операција, додека полицијата го уапсила Јандиев.