Сабаленка закажа дуел со Плишкова, Кербер сонува за нова титула

Сабаленка закажа дуел со Плишкова, Кербер сонува за нова титула

пред 3 години

Каролина Плишкова и Арина Сабаленка ќе играат во првото полуфинале на Вимблдон, додека поранешната шампионка, Анџелике Кербер ќе го почека подобриот од австралиската пресметка меѓу светската тенисерка број 1 Ешли Барти и Ајла Томљановиќ да ја дознае својата противничка.

Поранешната светска тенисерка број 1, Плишкова загуби само 13 поени на свој сервис за со 6:2/6:2 да ја декласира Швајцарката Викторија Голубич и сега ќе игра со белоруската тениска надеж Арина Сабаленка, која со 6:4/6:3 ја победи Тунижанката Онс Жабер.

Плишкова во 2016 година играше во финалето на САД опен, но уште ја бара својата прва гренд слем титула, а последен пат беше во полуфинале на гренд слем во 2019 година.

„Беше тешко да се навикне да се игра на главниот терен бидејќи првпат го поминувам четвртото коло. Но, подготвена сум за борба до крај“, вели Плишкова.

Во полуфиналето е и единствената поранешна шампионка на турнирот, Анџелике Кербер, според многумина прва фаворитка за титулата по импресивниот турнир. Таа немаше проблеми против Чехинката Каролина Мучова, стигнувајќи до 6:2/6:3 победа.

Share
Scroll to Top