Саудискиот клуб Ал-Наср успеа да ги договори условите со сенегалскиот интернационалец Садио Мане. Тој треба во текот на утрешниот ден да одлета за Саудиска Арабија и да потпише договор со клубот каде настапува и Кристијано Роналдо.
Португалецот ја отвори вратата, а потоа дојдоа и Марсело Брозовиќ, Фофана, Оспина, Алекс Телјес. Следен е Садио Мане.
Ал-Наср на Баерн Минхен треба да му исплати 37 милиони евра отштета.