САД ја декласираа Аргентина

САД ја декласираа Аргентина

пред 3 години

Кошаркарската репрезентација на САД конечно забележа победа во подготвителниот период. Американците, во Лас Вегас, ја победија Аргентина со 108:80. Подготовките за Токио, САД ги започнаа со поразите од Нигерија и Австралија.

Избраниците на Грег Поповиќ, погодија шест тројки во првата четвртина, во раната фаза на мечот стекнаа двофцифрена предност по која Аргентинците не успеаја да се вратат во натпреварот.

Во тимот на САД настапија осум од 12 играчи кои ќе настапат во Токио. Џејсон Тејтум не играше поради болки во десното колено, додека Џру Холидеј, Крис Мидлтон и Девин Букер имаат обврски со Милвоки и Финикс во НБА финалето.

Најефикасни кај САД беа Кевин Дурент и Бредли Бил со по 17 поени, Кевин Лав постигна 15, Демијен Лилард 13, а Бем Адебајо 12 поени.

Ветеранот Луис Скола со 16 поени ја предводеше Аргентина. Игрите во Токио ќе бидат петти во кариерата на Скола.

САД, во петок, ќе одиграат уште еден натпревар, противник повотрно ќе им биде Австралија.



Share
Scroll to Top