Салах не сака да зборува за неговата иднина во Ливерпул

Салах не сака да зборува за неговата иднина во Ливерпул

пред 4 години

Мохамед Салах, во интервју за „Марка“, не сакал многу да зборува за статусот во Ливерпул и до кога ќе остане на „Енфилд“. Договорот на Египќанецот со Ливерпул истекува во јуни 2023 година. Медиумите шпкулираат дека тој по завршувањето на оваа сезона би можел да го напушти клубот.

„Ништи не зависи од мене. Ќе видиме што ќе се случи, во овој момент не би сакал да зборувам за својата иднина во Ливерпул. Кој знае, можеби ќе завршам во шпанската Примера. Никогаш не можете да знаете што во носи иднината“, рекол Салах.

Ливерпул се седми во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите ќе играат против Реал Мадрид. ќе биде тоа реприза на финалето од 2018 година, кое го обележа стартот на Рамос врз Салах, поради кој напаѓачот пред време го заврши финалето.

„Имам голема желба да се пласираме во полу-финалето. Реал е одличен тим. Во однос на 2018 година го немаат Кристијано Роналдо, но и понатаму се јаки“, истакнал Салах.

Египќанецот оваа сезона има постигнато 17 голови во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top