Салернитана покажува интерес за Несторовски

Салернитана покажува интерес за Несторовски

пред 2 години

Салернитана ги означи метите во преодниот рок. Тимот кој се наоѓа на последното место во Серија А, се надева дека Македонец и двајца Срби ќе му помогнат да избори опстанок во лигата.

Клубот во Салерно сака нападот да го засили со поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски. Поранешниот играч на Палермо, се врати во тимот на Удинезе по тешката повреда, но не добива минути на теренот.

Најдобро за него е да го напушти клубот. Една од опциите е Салернитана.

Покрај Несторовски, со Салернитата се поврзуваат и Србите од Џенова, Иван Радовановиќ и Никола Максимовиќ. Двајцата се отпишани на „Луиџи Ферарис“, но прашање е дали Џнова има намера да го засили директниот ривал во борбата за опстанок.

Share
Scroll to Top