Саутгејт: Ако не се исплашиме, имаме многу поголеми шанси да победиме

Саутгејт: Ако не се исплашиме, имаме многу поголеми шанси да победиме

пред 5 месеци

Вечерва во Берлин, на Олимпискиот стадион, Англија и Шпанија ќе се борат за титулата европски првак.

Англија, из историјата има само една голема титула, во 1966 година кога на домашен терен го освои светското првенство. На минатиот европски шампионат Англичаните дојдоа до финалето, но на домашен терен беа поразени на пенали од Италија.

Селекторот Герет Саутгејт и неговите избраници во Германија повторно ќе имаат шанса да го врата „фудбалот дома“.

„Не верувам во бајки, но верувам во соништа“, изјави Герет Саутгејт пред големото финале.

Жестоко критикуваниот англиски селектор барем привремено ги замолкна сите критичари, откако за осум години на чело на репрезентацијата по трет пат обезбеди учество во финале на едно големо натпреварување.

Споменатата фудбалска „химна“ која повикува фудбалот да се врати дома во Англија е создадена во 1996 година и споменува 30 години страдање, во меѓувреме постот трае 58 години.

А, токму промашениот пенал на Саутгејт (од ерата кога и самиот беше играч) и донесе на Англија пораз во полуфиналето на ЕП во 1996 година од Германија.

Сега како тренер, Саутгејт има нова шанса да го прекине скоро 60-годишниот трофеен пост на нацијата која тврди дека го измислила фудбалот.

„Од почетокот се обидовме да го промениме нашиот начин на размислување, да бидам поискрен за тоа кои сме навистина како фудбалска нација. Следев многу првенства како обичен гледач и гледав моменти и голови и сфатив дека нас (Англија) не нема никаде“, вели англискиот тренер.

„Се прикажуваат само финалињата и најважните натпревари. Затоа моравме да направиме промени, да сфатиме дека нашите големи очекувања не се во склад со нашите настапи. Сега поминавме низ различни важни натпревари, срушивме многу рекорди, но треба и да го освоиме трофејот за навистина да почувствувам почит од целиот фудбалски свет“, изјави Саутгејт.

„Во финалето немам никаков страв од ништо што би можело да се случи, бидејќи досега сум поминал низ се. Сакам и играчите да немаат страв. Затоа што ако не се исплашиме дека ќе бидеме поразени, имаме многу поголеми шанси за победа“, заклучи Саутгејт.

Share
Scroll to Top