Светот во шок по светскиот рекорд на Вархолм: Неверојатно, не сме свесни каква трка гледавме

Светот во шок по светскиот рекорд на Вархолм: Неверојатно, не сме свесни каква трка гледавме

пред 3 години

Светот на атлетиката се уште е во шок по неверојатната трка на 400 метри со пречки, на Олимписките игри во Токио. Карлстен Вархолм. Норвежанецот го собори сопствениот светски рекорд.

Вархолм, стана првиот човек во историјата што успеал 400 метри со пречки да истрач за помалку од 46 секунди.

Времето на новиот светски рекорд изнесува 45.94 секунди. Побрзо од претходниот рекорд на Вархолм трчаше и носителот на сребрениот медал, Американецот Раи Бенџамин, додека за само две стотинки послабо време од стариот рекорд имаше третопласираниот, Алисон дос Сантос (46.72 секунди).

„Не можам да верувам колку беше брзо. Често ме прашуваат за совршена трка. Реков дека таа не постои, но ова е најблиску до нешто такво“, рекол 25-годишнот Норвежанец.

„Кога зборувате за светските рекорди, овој рекорд е рамо до рамо со рекордот на Јусеин Болт и Флоренс Грифит Џојнер. Ова е еден од најневеројатните светски рекорди. Сигурен сум дека ќе ме надживее овој рекорд. Останувате без зборови при едно вакво остварување. Шокиран сум“, рекол поранешниот светски првак на 110 метри со пречи, Колин Џексон.

„Луѓе, мислам дека не сме свесни што гледавме“, коментирал Шенон Шарп, поранешен НФЛ играч, кој сега работи како коментатор.



Share
Scroll to Top