Севилја се искачи на третото место во шпанската Ла лига, откако во последниот меч од 24. коло стигна до гостинска 0:2 победа над Осасуна, нивни шести последователен лигашки триумф во фантастична серија за тимот на Хулен Лопетеги.
Диего Карлос им донесе водство на гостувањето во Баскија во 17. минута, пред победата да ја потврди Лук де Јонг во 49. минута од мечот.
Севилја сега има 48 поени на третото место, четири зад второпласираниот Реал Мадрид и осум зад лидерот Атлетико Мадрид, но и поен пред четвртопласираната Барселона. Осасуна е на 13. место со 25 поени, само четири над зоната за испаѓање.