Шкупи не загуби на „Максимир“ против Динамо Загреб (2:2), а тренерот Гоце Седлоски најде начин да го сопре својот поранешен клуб. Задоволен од резултатот, но смета дека Динамо и понатаму е фаворит за пласман понатаму.
Се заблагодари за одличниот прием во Загреб и вели дека сега во Скопје ќе се игра пред полн стадион.
„Сите мислеа дека ќе дојдеме во Загреб и ќе загубиме убедливо, сите знаеме кој е Динамо. Но, мојот тим го даде и последниот атом од силите. Имавме проблеми во Гибралтар, но денеска беше поинаку, затоа фудбалот е интересен. Сега имаме една недела да се подготвиме. Тие двајца што беа во тоа вечерно излегување играа и денеска и добро одиграа. Па, дојдете во Скопје, ќе јадеме ќебапи и ќе видиме кој ќе оди понатаму. Динамо и натаму е фаворит, а во Скопје ќе има полн стадион“, изјави Гоце Седлоски.