Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, утре ќе се соочи со членовите на Управниот одбор на ФФМ околу најновите случувања, најавата за заминување на капитенот Стефан Ристовски, како и резултати кои не одат во посакувана насока во квалификациите за ЕВРО 2024.
Седницата на УО на ФФМ е закажана за 13 часот. На дневен ред секако најсвежа ќе биде информацијата дека капитенот Стефан Ристовски не е во добри односи со селекторот и порача дека нема да игра за националниот тим сѐ додека тој е предводник.
Македонија во јунскиот сегемент од квалификациите загуби дома од Украина со 2:3, а потоа и доживеа дебакл од Англија со 7:0.