Селекторот на Данска: Чувството е магично

Селекторот на Данска: Чувството е магично

пред 3 години

Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, изјави дека „чувството е магично“, по пласманот на неговата репрезентација во полу-финалето на Европското првенство.

Данска, преку Чешка, избори полу-финале. Дилејни и Долберг ги постигнаа головите во Баку, со кои Данците ја победија Чешка.

„Магично е чувството. Како да игравме во Копенхаген, а не во Баку. Имавме голема поддршка од нашите навивачи. Многу сме им благодарни. Ова не беше убав натпревар, водевме голема борба, нашиот голман многу придонесе за победата. Ова е фантастичен резултат“, рекол Хјулманд.

Данска, во полу-финалето, ќе игра против Англија или Украина. Дуелот ќе се игра на 7.јуи во Лондон.

„Кога се собравме по победата на играчите им покажав слики од Вембли и нашата победа над Англија минатата есен. Им кажав на играчите дека повторно ќе се вратиме на тој стадион“, заклучил Хјулманд.

Share
Scroll to Top