Сензацијата од Канада елиминираше уште една поранешна шампионка

Сензацијата од Канада елиминираше уште една поранешна шампионка

пред 3 години

Лејла Фернандес, тенисерката од Канада, приреди уште една сензација на Ју-ес опен. Фернандес, која утре ќе го прослави 19.роденден, испрати на трибините уште една шампионка. По бранителката на титулата Наоми Осака, пред налетот на Фернандес потклекна и шампионката од 2016 година, Анжелик Кербер.

Фернандес, и покрај тоа што го загуби првиот сет со 4/6, запиша уште една блескава победа, во која на Кербер и испорача 44 директни поени. Вториот и третиот сет и припаднаа на Фернандес со 7/6 и 6/2.

Во четврт-финалето, Фернандес, ќе игра притив Елина Свитолина која со 6/3, 6/3 ја победи Симона Халеп.

Share
Scroll to Top