Силекс се радуваше против Академија Пандев, чекор плус за опстанок во ПМФЛ

Силекс се радуваше против Академија Пандев, чекор плус за опстанок во ПМФЛ

пред 4 години

Фудбалерите на Силекс во Кратово денеска со 3-2 го совладаа струмичкиот ривал Академија Пандев во рамки на 29. коло во ПМФЛ.

Иако по само 22 минути домаќинот со головите на Тантуровски и Манасиевски имаше комотна предност од 2-0, во продолжение на мечот се доведе во ситуација да се бори за сите 3 бода се до последниот судиски свиреж.

Во 76. минута се чинеше дека Силекс веќе ги вкалкулирал бодовите затоа што Ѓоргиев погоди за 3-0.

Веќе во следната минута пулените на Александар Васоски намалија на 3-1 со голот на Марјан Радески, а по 6 минути резултатот беше 3-2, благодарение на погодокот на Димоски.

До крајот на мечот немаше промена на резултатот, па Силекс освои бодови со кои за момент избега од опасната зона која носи преселба во Втора лига.

Академија Пандев по денешниот пораз останува на 7. позиција со 34 бодови, а Силекс сега е деветти, со 32 поени.

Десетта пред останатите мечеви од ова коло е Ренова со 31 бода, па следува Вардар како претпоследен со 28 и „фенерџијата“ Беласица со 17 поени.

Утре се играат преостанатите 5 средби од ова коло:
Вардар – Беласица, Шкендија – Борец, Шкупи – Работнички, Македонија ЃП – Струга ТЛ и Пелистер – Ренова.

Share
Scroll to Top