Манчестер сити се договори со Илкај Гундоган и на добра пат е да го заврши трансферот на Кјого Фурухаши. Гундоган, по една година се враќа на „Етихад“, а Фурухаши треба да го пополни местото на Хулијан Алварез.
Гундоган се враќа на „Етихад“, неговото враќање го аминуваше Пеп Гвардиола. На Шпанецот му е потребен играч од калибарот на Гундоган бидејќи Кевин Де Брујне изминатата сезона се мачеше со повредите. Гвардиола бесплатно добива играч кој го познава системот.
Гундоган беше капитен на Манчестер сити во сезоната 2022/23 кога клубот ја освои тројната круна.
Англичаните тврдат дека деновиве во Сити треба да пристигне и Јапонецот Кјого Фурухаши (29).
Фурухаши во Европа пристигна во 2021 година од Висел Кобе.
За Селтик одигра 135 натпревари, постигна 73 гола.
Јапонецот прифатил да биде резервен напаѓач, свесен дека Ерлинг Халанд е недопирлив и тоа е најважно за Пеп Гвардиола.