Сколари: Роналдо во Катар ќе сруши рекорд!

Сколари: Роналдо во Катар ќе сруши рекорд!

пред 2 години

Поранешниот селектор на Португалија – Луис Фелипе Скопари е убеден дека Португалците ќе се пласираат на Мундијалот во Катар. Тој е убеден дека Кристијано Роналдо ќе продолжи да руши рекорди. CR7 во Катар може да стане првиот фудбалер во историјата на фудбалот што дава голови на 5 мундијали.

„Не се сомневам дека Роналдо ќе игра во Катар и дека ќе биде уште подобар. Дека ќе постигнува голови и ќе ги радува Португалците, кои тоа го заслужуваат. Кога мундијалот ќе почне, тој ќе има 37 години и 8 месеци. Ќе биде присутен таму и ќе биде многу добар“ смета Сколари.

Во врска со можноста Португалија да дојде до тронот во Катар, Сколари е многу порезервиран.

„Верувам дека тимот ќе се квалификува, но се сомневам дека се кандидати за титула. Има 4 или 5 селекции кои се тешнички подобри тимови“ заклучи Сколари.

Share
Scroll to Top