Познатиот словенечки фудбалски судија, Дамир Скомина демантира дека преку Инстаграм пратил порака дека ФИФА и УЕФА треба да ги суспендираат и САД и Израел по казната за Русија, велејќи за словенечките медиуми дека бил жртва на кражба на идентитет и дека словенечката полиција веќе е известена.
Профилот на Инстаграм на поранешниот судија, кој во кариерата судеше на СП и ЕП и финалето на ЛШ, по интервенцијата е избришан.
Damir Skomina zanika izjave o vojni v Ukrajini, nekdo je ustvaril prepričljiv, a vseeno LAŽEN spletni profil: https://t.co/u939EFBvCy
— Miran Zore (@MiranZore) March 1, 2022